Здружението Пелагона Прва оваа година беше дел од Годишниот мрежен состанок на партнерските и подгрантираните организации, кој се одржа во Охрид во организација на Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Фондацијата Kvinna till Kvinna повеќе од 30 години ги поддржува женските организации и иницијативи ширум светот, со цел унапредување на родовата еднаквост, женските права и градењето мир. Годишниот состанок претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и заедничко креирање решенија за предизвиците со кои се соочува граѓанскиот сектор.
За Пелагона Прва, учеството на вакви настани претставува чест, но и обврска да продолжиме активно да придонесуваме во процесите што водат кон поправедно и поинклузивно општество. Веруваме дека и во иднина ќе бидеме дел од оваа мрежа, продолжувајќи да се залагаме за унапредување на правата и слободите на жените и нивно еднакво учество во сите сфери на општественото живеење.
Годишниот мрежен состанок беше организиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna, со поддршка на Амбасадата на Шведска во Скопје и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.



