Во рамките на проектот „Јакнење на локалниот женски активизам“, се одржа средба на женските кружоци од с.Кривогаштани и с.Обршани со градоначалникот на Општина Кривогаштани, на која беа презентирани шест приоритетни предлози за унапредување на локалните услови за живот и адресирање на проблемите идентификувани од жените во заедницата.
Предлозите се резултат на процесот на мобилизација, консултации и заедничко утврдување на локалните приоритети, во кој жените активно учествуваа во препознавањето на проблемите и дефинирањето на можните решенија. Како резултат на овој процес, беа формулирани конкретни иницијативи во шест области.
На средбата жените непосредно ги презентираа своите предлози, ги образложија причините поради кои ги сметаат за приоритетни и имаа можност да ги споделат своите искуства и ставови во директен разговор со градоначалникот. Средбата се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, со простор за учество на сите присутни жени.
Оваа активност претставува значаен чекор во воспоставувањето дијалог меѓу жените и локалната самоуправа и во зајакнувањето на нивната улога во процесите на локално одлучување. Особено значајно е што жените, преку заедничко организирање и артикулирање на своите потреби, преминаа од индивидуално препознавање на проблемите кон колективно застапување на конкретни предлози пред институциите.
Со оваа активност се заокружи еден важен дел од процесот на локално женско застапување, но истовремено се отвори простор за понатамошно следење на предложените иницијативи и продолжување на дијалогот со Општината.


Оваа активност ја спроведува Здружението Пелагона Прва Прилеп во рамките на доделениот грант за Зајакнување на локален женски активизам, кој е дел од Фондот за поддршка на локалниот женски активизам на Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, финансиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска.
Содржината претставува авторско право на Здружението Пелагона Прва. Се забранува било каква употреба, копирање и умножување без претходно одобрение од Здружението!

