Признание за општествен придонес и позитивни вредности, признание кое обврзува

На манифестацијата „13 Величествени“, организирана од Радио Пела, на основачката на здружението Пелагона Прва – Маријана Ѓорѓиевска и беше доделено признание за општествено препознатливо лице во заедницата – награда која ги афирмира позитивните примери, активизмот и придонесот за подобро општество.


Ова признание претставува потврда за значењето на посветената работа во заедницата, преку хуманитарни активности, спорт, волонтеризам и промоција на позитивни вредности. 

Истовремено, тоа е и признание за сите иницијативи насочени кон поттикнување на активен начин на живот, афирмација на жената во спортот и општествена одговорност.

„13 Величествени“ е иницијатива која ја истакнува важноста на добрите приказни и луѓето кои со својата работа оставаат позитивен белег во заедницата. Преку ваквите признанија се поттикнува култура на препознавање и вреднување на позитивните примери, како основа за создавање похумано и посолидарно општество.

Поддржувајќи ја оваа идеја, се поддржуваат и вредностите што нѐ поврзуваат – хуманоста, посветеноста и вербата дека секој придонес, без разлика колку е голем или мал, може да направи вистинска разлика.