Здружението Пелагона Прва од Прилеп започна со реализација на проектот „Зајакнување на локален женски активизам“, кој се спроведува во Општина Кривогаштани, со фокус на населените места Кривогаштани и Обршани.
Проектот има за цел да го зајакне учеството на жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и да придонесе кон подобро препознавање и адресирање на нивните потреби во локалните политики, програми и буџети.
Иако жените имаат значајна улога во семејството, земјоделството и развојот на заедницата, нивниот глас сè уште недоволно се слуша при креирањето на локалните приоритети и јавни услуги.
Во текот на проектот ќе се спроведат активности за мапирање на потребите на жените, едукативни средби, теренски консултации, подготовка на предлог-мерки и иницирање дијалог со локалната самоуправа и другите релевантни чинители. Посебна улога ќе имаат локалните аниматорки, кои ќе придонесат за мобилизација на жените и нивно активно вклучување во процесите на застапување.


Проектот се реализира со поддршка на Здружението за родова рамноправност “Акција Здруженска”, во рамки на фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска амбасада во Скопје.
Овој проектот ќе придонесе кон поголема видливост на потребите на жените од руралните средини и нивно поактивно учество во креирањето на промените во заедницата.
„Кога жените се слушнати, целата заедница напредува.“ 

