Се е добро кога добро ќе се заврши!

Со искачувањето на највисокиот врв на Македонија – врвот Кораб 2764 мнв успешно заврши реализацијата на проектот на географската секција ,,Млади ентузијасти,, при ООУ. Кире Гаврилоски Јане од Прилеп под раководство на нивниот ментор ( Искачување на Кораб, Титов врв, Димев врв- Пелистер, Козјак, Трескавец, Томов дом и Маркукуле)

Преку теоретско и практично пренесување на стекнатите искуства и знаења, Здружението Пелагона Прва го поддржа овој проект со единствена цел – регрутирање на нови планинари.

Честитки за сите учесници и благодарност до наставникот за поканата за учество во овој несекојдневен проект