Врвот Висока се наоѓа во јужниот дел на Македонија на надморска височина од 1472 метри, на Селечка Планина, издигнувајќи се и доминирајќи со својата глетка над котлината Пелагонија на запад и Мариово на исток. На самиот врв се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште каде има остатоци од големи камени блокови од палата и градба за која стручната јавност верува дека се остатоци од античкиот македонски град Пелагон. Самиот врв претставува голема остра карпа, со помали зарамнети делови на самиот врв, на кои можат да се сретнат и извесни симболи од култно–религиска природа.

Содржината на настанoт ,,Низ кралството на Пелагонците,, е составен од два дела кои меѓусебно се испреплетуваат. Првиот дел е планинарење до највисокиот врв на Селечка Планина – врвот Висока, а вториот дел е предавање на самиот врв, во ѕидините на летната резиденција на македонскиот крал Пелагон за времето во кое живеел од страна на претставници од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп и/или наставен кадар од општинските училишта.
При самиот настан учесниците беа фасцинирани од пределот и од историско културното значење на самото место, првичните реакции беа позитивни. Самите учесници кажаа дека ќе ја пренесат приказната за врвот Висока и на тој начин ќе стимулираат голем број на планинари, рекреативци и вљубеници на природата за посета на оваа атрактивна дестинација што ќе придонесе за поставување на градот во мапата за активен туризам и афирмација и промоција на атрактивни туристички дестинации кои градот Прилеп може да ги понуди.

Преку рализација на овај настан и продолжување во наредните години, за градот Прилеп, ќе има големо значење, особено за афирмација на активниот туризам бидејќи до сега немаше никаква организирана посета на овој локалитет кој има големо историско и културно значење.




