Позитивното планинско искуство за младите може да го промени начинот на кој тие гледаат на светот и правилно да ги насочи во понатамошниот тек од живот.
За нас секогаш особена чест и задоволство ни претставува своето стекнато планинарско искуство да го пренесеме на помладите генерации.

Низ дружење со природата ќе ги научиме нашите деца повеќе да ја почитуваат и заштитуваат од унишутвање. А од друга страна, интересно е да се надгледува како децата од денешната дигитална ера, кога се во природата брзо почнуваат да го почитуваат избалансираниот ритам на природата.
Денес, во рамките на географската секција при ООУ. ,,Кире Гаврилоски –Јане,, од Прилеп, во соработка со нивниот ментор, одржавме предавање на тема ,,Основи на планинарење,, со цел учениците од оваа секција безбедно да ја остварат својата цел во рамките на проектот ,,Млади ентузијасти,,.

